
Катедрата по медицинска хемија се наоѓа на Институтот за медицинска и експериментална биохемија на Медицинскиот факултет во Скопје.
Обработувањето на наведените хемиски дисциплини во наставниот програм е така интегрирано и составено што би требало да му овозможи и помогне на студентот по медицина во разбирањето на биолошките процеси, механизмите на метаболната контрола како и патолошките промени и влијанието на разни лекови.